Владата му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонијапат“ – Скопје да го избере Самка Ибраимовски за в.д. заменик-директор.
И веднаш Самка се пофалим дека го предложиле на таа „многу битна„ позиција!. Според него многу е важно да си в.д. заменик-директор!
Бившиот пратеник, министер и заменик министер сега тој си се обезбеди со „фотелја„, а неговите сопартици од ПЦЕР нека „висат„.
Ете „шефот„ ја покажа целата своја заложба и борба за народот кој тој го застапува, а тоа е битно - заменик директорско место за него.
Е шефе, шефе, вријат социјалните мрежи од стилот од „коњ на магаре„ и слично. Луѓето плукаат по тебе, а ти мислиш роси. Како ќе излезеш пред тој твој ромски народ, утре или задутре да бараш глас? Врз база на што? Дали веруваш дека подобро ќе беше да останеше „Министер за афоризми на ФБ„, него вака. Ама нејсе нека ти е со среќа в.д заменик директор на „Македонија пат„ и нека ти е отворен патот – надвор од политиката!