Медина и Елмедина, две девојчиња од Велес на 8 и 9 години, се две од 14-те малолетни деца на Меџудие Мустафа, кои буквално боси, во летни сандали, питаат по околните ресторани и улици за да однесат храна и млеко за четиримесечното бебе Метин. Но, ова бебе не искапено откако е родено и целото е со рани по телото.
Неговата мајка Фикрије е 16-годишно девојче, едно од многуте деца на Меџудие, и не може да се грижи за него. Го родила во домашни услови, затоа што нема здравствено осигурување, а половина од децата не се впишани во книгата на родени и ниту едно од нив не оди на училиште. Ова мајка рече дека е оставена сама на себе, бидејќи сопругот не доаѓа и не се грижи за семејството. Собира пластика, а со парите купува алкохол наместо храна за дома.
„Немоќна сум да се борам сама во овие услови кога нема вода, а не, пак, тоалет, ниту шпорет на кој ќе стоплам вода и или ќе зготвам храна. Но, најтешко ми паѓа кога немам ниту што да приготвам, со денови гладуваме. Како вие би им кажале на своите деца дека денес може само еднаш да јадете или нема ништо да јадете?