Српската актерка и пејачка , во март наполни 80 години. Оливера живее како кираџика иако зад себе има големи успеси во целиот регион, но и во светот а популарноста ја стекна со познатиот филм со ромска тематика „Скупљачи перја„
Таа раскажала дека е заборавена од колегите и пријателите, но дека си го зачувала достоинството и дека нема никого да моли. Таа пред неколку години јавно зборуваше дека тешко живее, но и дека имало период кога немала ниту леб.
„Имаше моменти во мојот живот кога немав ни за леб. Имаше многу тешки моменти. Кога немав ништо. Ниту сега немам ништо посебно. Живеам во изнајмен стан, што, ќе се согласите, е чудно што во текот на мојата кариера не стекнав ниту стан ниту нешто друго. Да бев во Холивуд, веројатно, ќе живеев во најлуксузната населба. Американците ги ценат своите уметници, а тука можете да бидете не знам каков талент и да немате ништо од тоа. Извинете, ве молам, ама тука разноразни пејачки се многу богати и живеат во некои замоци. Живеат на висока нога. Дали знаете како живеат уметниците? Тие живеат премногу тешко. Поети, сликари и скулптори – како живеат, тие си знаат, тоа е страшно“, вели некогашната актерка, која зад себе има многубројни актерски улоги, како и албуми и песни.