Ви приоѓаат додека чекате да се запали зеленото светло на семафорите , или додека го пиете вашето кафе во некој од кафе баровите во градот...деца на улица, Роми. Доаѓа зимата во период на корона , се шетаат овие деца низ Ниш и нема кој да ги собере, каде да се измијат или нешто да јадат.
Со шише полна со нашампонирана вода и бришач во рака мали деца приоѓаат на автомобилите на една од нафрекфентните крстосници во Ниш. „Дај некоја пара да ти ја исперам шофершајбната„ се најчестите зборови на овие деца.
Без разлика на временските услови, тие се тука за да заработат некој денар и на тој начин егзистираат. Понекогаш имаат некој денар, а понекогаш заработувачката е многу слаба.
Децата Роми се најзабележливи на крстосниците , плоштади, трговски центри . Има и такви кој свират во пешачките зони или питачат. Иако ги има многу сепак точната бројка никој со сигурност не ја знае. Од единствена причина што за овие деца никој не води грижа.
Проценката е деканад 35% од Роми токму се тие деца и млади до 18 годишна возраст. Поголемиот дел од нив со таа заработувачка го прехрануваат семесјтвата. . Но проблемот што и голем број од нив стануваат зависници од опојни дроги или се одаваат на проституција.