Во време на здравствена криза во каква што живееме, маските за заштита станаа начин на живот. Без разлика дали се работи за маска за една употреба или за платнена секој човек на планетава моментално мора да има со себе барем една при секое излегување од домот.
Доколку сте се одлучиле да користите некоја од платнените маски мора да знаете и како правилно да ги исперете за истите да бидат безбедни за повторно и повторно користење. Еве како според советите на експертите треба да ги исчистите по секое користење.
Маските треба редовно да се перат. Важно е секогаш да ги вадите правилно и да ги миете рацете откако ќе допрете користена маска. “Schi Tech Daily” дава упатства за чистење маска кои ги издаде Американскиот центар за контрола и превенција на болести(CDC).
Во машина за перење: можете да ја перете маската заедно со другите алишта. При перење, користете вообичаен детергент за алишта, на највисока можна температура на водата која одговара на материјалот што треба да се испере.
Рачно перење: проверете дали избелувачот што го имате при рака е воопшто за дезинфекција. Некои производи за белење, како што се оние дизајнирани за безбедна употреба на облека во боја, можеби не се погодни за дезинфекција.
Употреба на избелувачи
Користете избелувач што содржи помеѓу 5,25 и 8,25 проценти натриум хипохлорит. Не користете избелувач ако процентот не е во тој опсег или не е наведен. Проверете дали производот за белење има добар рок на траење.
Никогаш не мешајте избелувач за домаќинство со амонијак или кое било друго средство за чистење. Обезбедете соодветна вентилација на просторијата.
Како да ја исушите маската?
Сушална: користете највисока температура и оставете ги маските да се исушат целосно.
На сув воздух: поставете ги и оставете да се исушат целосно. Ако е можно, оставете ги маските да се сушат директно на сончева светлина.
Link: https://skopje24.mk/vazno-kako-pravilno-da-se-perat-platnenite-maski-za-tie-da-bidat/