Стрелањето е извршено како освета за 10 убиени и 26 ранети германски војници по судирот со партизаните и четниците, на пола пат помеѓу Бар и Љуљак.
Германскиот конмандант Франц Беме на 10 октомври 1941 издаде наредба за еден убиен германски војник да се стрелаат 100 луѓе, а за еден ранет 50. Според тоа како освета требаше да се егзекутираат околу 2300 луѓе.
Стрелањето на Крагујевчани беше извршено на 21 октомври 1941 година. Тој ден Германците изнесоа 2.301 лице пред стрелачкиот строј кај Централните гробишта на српската војска од 1914 и 1915 година во Шумарица. Стрелањето започна во 7 часот наутро. Првата група на луѓе беа одведени до Сушичкиот поток каде ги пречека група од 30 до 50 германски војници. Цивилите ги наредија во четри реда каде во секој ред имаше по 50 луѓе. По стрелањето Германците со револвер ги убија тие луѓе кој останаа ранети. О бараките беа носени групи од по 100 луѓе на стрелиштето. До 2 часот попладне заврши стрелањето. Ликвидирани беа 2.272 лица додека 29 го преживееа стрелањето. Меѓу стреланите имаше и 217 малолетни лица . Од нив над 15 годишна возраст 60 ученици од гимназијата и 134 малолетници кој не одеа на училиште , како и 23 деца под 15 години сите вовглавном од ромска националност.