Здружението “Есма Реџепова и Стево Теодосиевски ” здружение кое го негува и промовира ликот и делото на овие наши славни уметници, како и сите членови на ансамблот Теодосиевски, деновиве донесоа одлука за собирање на граѓански потписи со што ќе бараат состанок кај Премиерот Зоран Заев, за да го искажат своето незадоволство поради тоа што куќата е ограбена и запуштена.
Здружението воедно и ќе побара одговорност затоа што Државата веќе четири години не се грижи за како што велат “Музејот на Есма и Стево Теодосиевски“. Министерство за култура според нив е единствен тестаментален наследник должен да даде образложение. – Бидејки спорот се уште не е решен ќе бараме одговор од премиерот на Република Македонија. Ги известуваме сите почитувачи на ликот и делото на Есма и Стево Теодосиевски дека дополнително ќе бидат известени за кој ден ќе поставиме штанд во центарот на градот на кој ќе можат сите да ја дадат својата подршка, со својот потпис.
-Од смртта на Есма помина веќе 4 години, а државата не покажа никаков интерес за куќата на моите ментори и родители Есма и Стево, - напоменува Симеон Атанасов.
Ни еден уметник како Есма и Стево не го оставил својот имот на државата кој го стекнал за време на својата кариера. Затоа надлежните не смеат да дозволат тој објект да се урива, додава Симеон Атанасов