Деновиве до Кабионетот на ИРУ адресирано до Претседателот на ИРУ Зоран Димов пристигна писмо од страна на Европскиот комесар за еднаквост Хелена Дали каде меѓудругото се вели:
„Почитуван г-дин Димов, ви благодарам за писмото во име на Интернационалната Ромска Унија - ИРУ. Ние како Европска комисија го цени дијалогот и соработката со граѓанското општество. Ја цениме работата на ИРУ и нејзиното активно вклучување во прашањата што се однесуваат на Ромите. Сакам да ве уверам дека Комисијата го промовира учеството на Ромите во креирањето политики на локално, национално и ниво на ЕУ и исто така ја истакна нејзината важност во новата стратешка рамка на Ромите на ЕУ. Граѓанските организации предводени од Ромите, вклучително и ИРУ, се особено важни актери во нашата работа во однос на еднаквоста, вклученоста и учеството на Ромите. Европската комисија обезбедува простор и вистински платформи за дијалог и конструктивни дискусии за вклучување на Ромите со членовите на граѓанските општества кои градат сојузи и доверливи партнерства. За да се направат долготрајни позитивни промени за Ромите, ЕУ и меѓународните организации, земјите-членки, граѓанските организации, академските институции, Ромите и општеството во целина мора да работат заедно, учејќи се и поддржувајќи се едни со други. Се радувам на нашата постојана соработка со вас и другите ромски и про-ромски граѓански организации за изградба на здраво и одржливо социјално опкружување и за промовирање на еднаквоста, вклученоста и учеството на Ромите низ цела Европа. Со почит, Хелена Дали„ се вели во писмото на Европскиот комесар за еднаквост Хелена Дали.