Социјално загрозените семејства, занаетчии и сопственици на мали претпријатија во Гостивар ќе добијат финансиска и материјална помош преку проектот што го спроведува Care International со финансиска подршка од германското министерство за надворешни работи. Петнаесет бизниси ќе бидат подржани со ваучери, повеќе семејства ќе добијат пакети со лекарства, прехрамбени пакети и хигиенски продукти.
Преставниците на проектот имаа средба со локалната самоуправа која го презентираше проектот, и плановите за негова реализација.
Љуарза Мухади координатор на проектот рече дека освен во Гостивар проектот ќе се проведе и во Кичево и Дебар. Како што напомена со овој проект треба да се олесни тешката економска состојбакоја дојде како резултат од пандемијата. Проектот ќе трае до крајот на годината и е во вредност од 40.000 евра.
Мухамед Точи од Хуманитарното здруженије „Месечина„ од Гостивар посочи дека проектот има четри групи, односно пакети. Со нив ќе бидат опфатени семејства и 15 локални бизниси . Акцентот ќе биде ставен на ромското население и други маргинализирани групи.Помошта е поделена во четри групи, односно пакети. Првиот пакет се состои од хигиенски артикли во вредност од 20 евра, и ќе бидат опфатени 250 семејства од Гостивар, Кичево и Дебар. Вториот пакет е составен од прехрамбени пакети и ќе опфати 45 семејства. Третиот пакет е со лекови и ќе опфаќа 40 семејства. Четвртиот пакет се однесува на 15 локални бизниси и компании кој соджи ваулер во вредност од по 500 евра. Во вој проект ќе бидат ангажирани околу 50 волонтери.