Во специјалното училиште ОУ „ Јован Јовановиќ Змај„ во селото Масурица во четвртокот на 8 октомври се случи тежок инцидент каде сопругот на една наставничка нападна ученик и тоа на сред час , се наведува во информацијата на порталот Info Vranjske.
Според информациите сопругот на наставничката М.С. влетал во училницатаго истепа детето од ромска националност кој има пречки во развојот, додека тоа вриштелои молело да не биде тепан.
Овој скандал неможело да помине незабележително и на лице место дојде и директорката на ова училиште Јасмина Благојевиќ како и полицијата. Педагогот разговараше и со родителите на тоа дете.
По овој настан се собраа од ромската населба пред училиштето и го искажаа својот револт но директорката на училиштето ги избрка.
Таа и самата не сакаше да даде изјава во врска со овој настан.
Истовремено поповод овој инцидент за некое чудо не доби широки размери , и не се огласи ниту полицијатам школскиот инспекторат, локалната власт и министерството.