Проектот за згрижување деца во градинка од ромска националност кои се од социјално ранливи семејства во градинките во Велес продолжува и оваа учебна 2020/21 година, а се реализира во соработка со Општина Велес и Министерството за труд и социјална политика.
Во моментот, како што појасни таа, работат на тоа да ги најдат децата кои ги исполнуваат сите овие критериуми, а и се од социјално ранливи семејства.
Информира дека сите девет градинки од кои шест во Велес и по една во Караслари, Градско и Чашка согласно протоколите за згрижување е вкупно 723 деца. Од нив, бројот на пријавени деца кои во моментов имаат потреба за згрижување е 546 деца. Вкупно, како што соопшти, 414 дечиња дневно доаѓаат во сите девет објекти.
Прашана дали освен овие може да се запишат и нови деца во градинка, Велиновска рече дека се земаат приоритетите по основ на двајца родители вработени и на самохрани родители, а кои според неа комплетно се згрижени во градинка.