Мајка Тереза е родена е како Гонџа Агнеза, во Скопје, 1910 година, во време кога градот бил под Отоманското царство, во албанско-римокатоличко семејство како трето дете на семејството Бојаџиу, покрај сестрата Ага (1904) и братот Лазар (1907). Се смета дека татко и Никола бил припадник на влашката заедница.
Според спомените што ги раскажувал братот на Гонџе, Лазар, фамилијата Бојаџиу потекнувала од Призрен, а мајката и таткото им биле родени во Скопје.
Карактеристично за нејзината фамилија било тоа што имало многу мешани бракови.
Во тоа време Скопје бил развиен трговски центар, мултикултурна и мултирелигска средина. Научила да комуницира со сите, и со оние кои се различни и по јазикот, и по културата, и по верата, и по погледите кон светот. Затоа и има многу фотографии и во ромска носија , затоа што имала директно контакти со своето ромско опкружување и ромски семејства кој посебно ги сакала.