Сите детали на новиот закон: Ако сакате да се преселите во Германија, ова треба да го знаете

Законот за доселување на експерти кој се однесува на квалификувани работници од земјите надвор од ЕУ стапи на сила.

 

Сега подетално, ќе се обидеме да ви објасниме какви се олеснувања носи токму тој Закон за имиграција во една од најмоќните економии во Европа.

 

Според новиот закон, како експерти веќе не се сметаат само луѓе со висока стручна подготовка, туку и квалификувани лица чие стручно образование траело најмалку две години и е еквивалентно на германското образование, а нивните дипломи мора да бидат признаени во Германија.

Целта е признанието на дипломата да заврши во рок од три месеци по предавањето на сите потребни документи , а процесот на издавање виза за експерти би требало во иднина да трае најмногу четири до шест недели.

 

Законот, се однесува на било кој експерт од земјите надвор од ЕУ кој може да докаже дека има договор за работа во Германија и одговарачки стручни квалификации.

Не се опфатени помошни работи за кои не е потребна стручна квалификација, но работници кои имаат основна професионална квалификација и договор за работа или понуда за работа во Германија мора да се доквалификуваат.

 

Секој кој има договор за работа или конкретна понуда за работа, ќе добие дозвола за престој на четири години или онолку колку што трае договорот за работа.

После четиригодишниот престој, експерите може трајно да се населат во Германија, односно да се стекнат со правото на неограничен престој.

 

Секој кој сака да бара работа во Германија ќе добие виза на шест месеци, а предуслов е да имаат пари да ги покријат трошоците за живот во текот на тој период и да зборуваат германски на ниво Б2.

 

Новиот закон се однесува и на странците кои сакаат да студираат или стручно да се обучуваат во Германија, но тие мора да бидат помлади од 25 години.

Оние кои две години по дипломирањето работат во Германија имаат право на постојан престој.

 

Посебниот пропис се однесува на експерти постари од 45 години, кои ако сакаат да дојдат во Германија мора да имаат плата од најмалку 3 685 евра бруто или доказ дека уплатувале за соодветна пензија.

 

Оние кои во Германија доаѓаат со семејството мора да приложат доказ за тоа дека може да го издржуваат како и дека имаат доволно голем стан , што подразбира околу 950 евра по лице и 10-12 квадратни метри по лице.

 

Сопружници и деца постари од 16 години мора да поседуваат основно знаење на германски јазик, ниво А1, а дојденците немаат право на социјална помош.

Иако новиот закон стапи на сила на 1 март, стариот закон за земјите од Западен Балкан важи до крајот на годината.

 

Според тоа закон, за доаѓање во Германија не била потребна диплома, ниту положен испит за знаење на јазикот, а можеа да доаѓаат и неквалификувани работници.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 508 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата