За тој временски период би се направиле првите клинички испитувања, најави портпаролот на Светската здравствена организација Тарик Јашаревиќ.
„Тимови на експерти од целиот свет се ангажираат дење и ноќе во оваа и другите заеднички мисии и веруваме дека тоа ќе даде резултати. Новиот вирус е глобален проблем, а вакцината против него е глобален напор да имаме поддршка и од Светска банка и од Коалицијата за иновации во спречувањето на ширење заразни болести. Целта на сите е да се најде вакцина што е можно поскоро”, изјавил Јашаревиќ за медиумите.
Според него, потврдено е врз основа на генетската структура на вирусот дека не доаѓа од лабораторија, а се зголемуваат докази за поврзаност на ковид-19 со слични коронавируси кои се јавуваат кај лилјаци.
„Самиот почеток и пренесувањето на вирусот на луѓе досега е нејасен. Најверојатната претпоставка е дека животно е преносник од лилјаци на луѓе”, рекол Јашаревиќ, кој посочува и дека посебна загриженост е што има случаи без без јасна епидемиолошка поврзаност.
Бројот на луѓето што досега низ светот починаа од компликации настанати по заразувањето со коронавирус надмина 3 000 откако Кина денеска пријави уште 42 нови смртни случаи.
Но, смртни случаи има и во други земји, вклучувајќи ги и 54-те во Иран и над 30 во Италија до вчера.
Во светски рамки има речиси 90 000 потврдени случаи на инфекција, а бројот на заразени сега расте побрзо надвор од Кина, отколку во оваа далекуисточна земја.
Светските медиуми јавуваат дека повеќето пациенти имаат само лесни симптоми, цитирајќи податоци на Светската здравствена организација (СЗО), а засега смртноста кај оваа епидемија варира меѓу два и пет отсто.