Еден од најдобрите трубачи, не само во Македонија и Балканот, туку и многу пошироко, Џамбо Агушев од Струмица, повторно е прогласен за најпопуларен трубач и прва труба во Македонија на синоќешното 23-то издание на мега-популарната манифестација „Златна Бубамара на популарноста 2020“, која се одржа синоќа во преполнетата сала „Борис Трајковски“ во Скопје.
„Ова година ми е шеста награда по ред. Овој пат повторно сум награден со Прва труба и автор на музиката на Корејскиот филм „Окја“, кој беше номиниран за најдобра музика, а во филмот свират и членовите од мојот оркестар.
Благодарам на сите кои ме поддржуваат мене и мојот оркестар“ – ни кажа младиот трубач Џамбо, кој вели дека најмногу е горд на наградите што ги добива дома во Македонија.