Повереникот за заштита и рамноправност Бранкица Јанковиќ утврди дека Белградската автобуска станица –БАС ги дискриминира припадиниците од ромска националност кои работат во разнесување нас багажот на таа станица. Ова е врз основа на дадената преставка од страна на Иницијативата за економски социјални права A11.
Во соопштението од А11 се вели дека, после преместување на автобуските перони на Белградската автобуска станица , на носачите кои како регистрирани за таа дејност со години се занимаваа со тоа, обезбедувањето им оневозможи пристап до пероните со образложение дека:„Ромите не можат да работат повеќе„
Во препораката од А11 се вели дека треба да им се овозможи непречен пристап за работа на Ромите и воедно да изврши обука врз вработените во БАС, да бидат потоерантни и да ја препознаат дискриминацијата. Тоа е потребно во рок од 30 дена да постапи според препораката.
Јанковиќ објасни дека постапката е во тек и дека законот не и дозволува да ги коментира деталите.