Самка Ибраимовски - ПЦЕР , Фата Османовска - СДСМ, Асан Ферат - СДСМ, Амди Бајрам - СРМ, Аксел Ахмедовски - ПДПР , Геге Демировски, Демир Исмаил кандидат од дијаспората, Љатифа Шиковска - СДСМ, Ерџан Селим -РОМ, Самет Салиевски – СДСМ од Куманово, а можеби и уште некој нови ќе испливаат на политичката сцена и можеби ќе се најдат на листата за пратеници на сите ИЕ во државата и надвор од неа.
Сеуште е во сфера на калкулации и шпекулации како и стратегии, но сепак според некои најави борбата за пратеничката фотеља ќе биде интересна и жестока доколку се појават овие имиња.
За позициите директори и раководители на институции и ЈП исто така ќе биде доста интересна и неизвесна.
Борбата е како да се стигне до побезбедна „пол позиција„ на тие листи од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ каде овие кандидати за пратеници би го поминале тој „комотен„ пратенички четригодишен мандат (доколку нема предвремени избори)
Секој од гореспоменатите „ликови„ ќе ја има задачата да се престави во „битен фактор „ меѓу Ромската и пошироката популација, за да ја достигне позицијата за сигурен влез во коалицијата,
Исто така тие ќе калкулираат и со изборните единици кој каде има повеќе шанси. Неизвесноста ќе потрае се додека не се објават листите од страна на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.
А каде се интересите на Ромскиот народ во сето ова? Е тие засега се последни на агендата. „Чекај јас да влезам што погоре на таа листа и да ги бранам личните и партиските интереси , а за Ромите отом – потом со нив е најлесно„ е мотото во кои најголем дел од кандидатите се придржуваат.
Но едно е сигурно , џабе ви е позицијата ако на ви се Ромите како народ во прв план.
Есапот дома и на пазар никогаш не излегува како што сте планирале., се вели во коментарот на Ромскиот Демократски Сојуз - РДС.