Регистриран е првиот случај на заразен со коронавирус на Клиниката за инфективни болести во Скопје, потврдија од Министерството за здравство.
Министерот за здравство Венко Филипче претходно денеска кажа дека утрово се пријавиле тројца пациенти со симптоми на грип, а кај двајца тестот за коронавирус е негативен.
Кај третиот бил позитивен. Toj рече дека станува збор за наши граѓани кои изминатиот период патувале во Италија, а денеска сами се пријавиле на Инфективната клиника.
Од Министерството за здравство апелираат да не се создава паника .