На неодамнешниот терористички напад во германскиот град Ханау во близина на Франкфурт каде 43 годишниот Тобијас Р. во два шише бара усмрти девет лица, за потоа и самиот да си го одземе живото како и неговата мајка, во јавноста излзе дека меѓу жртвите беше и една 35 годишна германска државјанка со ромско потекло. Станува збор за мајка на две деца Мерцедес К. Нејзините корени се полски
Всушност во самиот тој смртоносен поход убиени беа уште двајца Роми, Станува збор за 23 годишниот Вили Виорел Пјун, Ром со корени од Романија.
Како трета жртва по националност Ром исто така е и Калојан Велков (32), со бугарско потекло.
Од тоа произлегува дека крвавиот пир во Ханау однесе три жртви од ромско потекло.
Мотивот според полицијата е ксенофобија кон емигрантите.