Пулската полиција во населбата Кавран приведе две лица кои се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела , од фалсификување на документи до изнуда на средства.
Како што пишуваат медиумите еден од нив е и Нијаз Чаушевиќ – Медо (66), кој го поврзуваат со убиство на ромски деца во Босна и Херцеговина за време на војната, додека вториот приведен наводно е негов син
Според медиумите Нијаз Чаушевиќ Медо признал дека земал учество во убиствата на ромските деца поради трговија со органи, но подоцна сето тоа го негирал. Инаку масакрот се случил во 1992 година во селото Сјековица кај Босански Брод, каде телата се пронајдени и ексхумирани во 2004 година.
Адвокатот Душко Томиќ тврди дека Чаушевиќ своевремено му признал дека припадниците на хрватските вооружени сили (HOS) ги убија ромските деца , кој со автобус патуваа од БиХ кон Западна Европа . На децата наводно им биле извадени органите кои подоцна се продаваат на црниот пазар за човечки органи.
Чаушевиќ за хрватските медиуми рече дека никогаш порано не слушнал за такво злосторство, ниту го сторил, но според лично признание , во БиХ не може да влезе затоа што тука е прогласен за воен злосторник.
Link: http://www.portal-udar.net/hrvatska-uhapsen-muskarac-koji-se-povezivao-s-ubistvima-romske-djece/