На Иван Максутовиќ (47) од Лесковац , С.Џ и М.М. во среда на 4 декември попладне , со автомобил го однесоа покрај реката Морава кај селото Мањоловец поради сомнеж дек им украл алат каде заедно работеа. Тие него го соблекоа гол, се изживуваа , му се закануваа дека ќе го фрлат во реката и сето тоа го снимаа на своите мобилни.
Го тераа да признае дека тој и синот го украдоа алатот и му претеа, Кога по телефон го повикаа неговиот син, се јави сопругата на Иван ом им се закани дека ќе ги пријави во полиција.
“Се облеков, ме тераа да клечам на колена и ми се закануваа со револвер во тилот дека че ме убијат. Молев и плачев да не ме убијат и дека имам деца и внуци„ раскажува Иван максутовиќ.
Тие му се заканиа дека за овој случај не смее да пријави, дека ќе му ги исечат пристите на син му и ќе го убијат. Потоа со кола го оставија покрај здравствениот дом и си заминаа.
Од страв поради заканите не сакаше да пријави, но по наговор на сопругата и соседите, тој на 9 декември го пријавил случајот.
Полицијата веднаш ги пронајде сторителите и им го одзеде мобилниот телефон кај се пронајдени и видео снимките.
Од полицијата го потврдиа настанот но не дадоа конкретни информации , додека од претрпениот страв Иван Максутовиќ се наоѓа на лечење во одлето за невропсихијатрија во Општата болница во Лесковац.
Youtube: https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=5Jc5YK3zK0E&feature=emb_logo