На 13 Декември 1992 година за прв пат во медиумскиот етер во Р.Македонија беше емитуван сигналот на БТР –Национал. Најпрво како радио, за потоа да биде и телевизиски со своја 24 часовна програма.
Всушност тоа беше и прв ромски медиум во светот со своја целодневна програма. Години потоа овој медиум прерасна во препознатлива ТВ кукќа со своја сопствена програма од секој калибар – информативен културен, забавен, музички и образовен.
Во тој период ТВ БТР- Национал се ештаблираше меѓу водечките медиуми во државата, и по својата гледаност, која и покрај тоа дека беше ромска, беше со гледаност од сите националности.
Една деценија подоцна ТВ БТР –Национал отиде едно ниво погоре и беше првиот Ромски медиум на сателит со своја сопствена програма
За сите овие години ТВ БТР-Национал беше автор на многу програмски пакети и илјадници часови на ТВ, документарни и филмски програми од сите профили.
И ден денес ТВ БТР остави неизбришливи траги кај публиката кој и ден денешен со носталгија се сеќаваат на тој период. Најзаслужен за тој постигнат успех покрај 100 – те вработени кој продефилираа низ таа телевизија е нејзиниот основател и сопственик Зоран Димов, кој по чиста коинциденција исто така и 13 декември е негов роденден.
Среќен роденден Зоран Димов и ТВ БТР- Национал!