Насер Абазовски е дете кое израснало во домот за деца без родители во Скопје. Денес Насер има жена и едно детенце, но ситуацијата на Насер е повеќе од загрижувачка.
Насер спие на улица заедно со женаму и детето кое патем има жолтица. Насер нема кај да живее, а државата му врти грб.
Како што кажа Насер пред медиумите, неколку пати се обраќал до министерката Мила Царовска, но таа до сега не превземала ништо.
-Министерката Мила Царовска да превземе мерки, одговорност, да не си игра со луѓето. Ги молам луѓето тука, никој не ми помага.
Барам помош од државата за ова девојче се борам, 24 часа сум на улица, немам никакви приходи, си го барам правото како сите останати.