На веб сајтот на Министерството за Вантрешни работи на Република Севера Македонија покрај другото има информации и за распишани меѓународни потерници за македонски државјани за разни сторени кривични дела. Како еден од најпознатите е и екс премиерот Никола Груевски кој сега е политички засолнат во Будимпешта, Унгарија.Инаку вкупниот број на межународни потерници изнесува вкупно 62.
Меѓу нив забалежливо е дека има и тројца од ромска националност кој се бараат по меѓународна потерница и не се достапни за лицето на правдата.
М.Бајрам (41), родум од Крушево по налог на битолскиот основен суд распишана е меѓународна потерница за издржување на затворска казна од 12 години и шест месеци
С.Елвир од Скопје (39) се бара со меѓународна потерница поради шверц со мигранти и издржување на затворска казна од 15 години
Како трет фигурира, Р.Сењур (23) од Куманово за сторено кривично дело обид за убиство и разбојништво кому му е одредена затворска казна од 15 години, стои во полицискиот билтен за меѓународни потерници.