Австриските ски центри објавија огласи работници за новата ски сезона, каде платите може да достигна до 100 евра на ден. Готвачи, келнери, рецепционери и собари се најбараните професии кои им недостигаат на ски центрите. Се работи за сезонска работа, од 15 ноември, односно од 1 декември до Велигден, во зависност од работодавачот и неговите потреби, додека пак работното време е шест дена неделно, од 48 до 52 работни часови.
Стипе Ерцег, сопственик на ресторан од Хвар кој лично работел во австриските ски центри, вели дека се работи за сезонски работни места, а сместување и храна се обезбедени и додава дека на сезонските работници им се обезбедени низа придобивки за да бидат задоволни и постојано да се враќаат да работат.
– Повеќето австриски работодавци им обезбедуваат на своите работници полу-цени за скијање или јазични курсеви. Поточно, здружението на сопственици на хотели и угостители во Лех им овозможи на работниците привилегија да имаат попуст на вечери, пијалоци, масажи, жичарници со презентација на „Лех картичка“. На сите начини, луѓето се стимулирани да останат да работат – вели Ерцег.
Тој објаснува дека овој вид на работа во никој случај не треба да се споредува со заминувањето на младите луѓе во Ирска или Германија.
Во врска со платите Ерцег вели дека помошните келнери имаат на пример плата од 1.500 до 1.700 евра. Шефовите на оддели во хотелот имаат плати од 1.800 до 2.000 месечно.
Со доволното работно искуство во Австрија може да се стекнете со право на пензија во таа земја, без оглед што се станува збор за сеозонска работа.