Момчето Душан Јовановиќ (13) брутално беше убиен од двајца „скинхедси„ во центарот на Белград на 18 октомври 1997 година.
Малиот Душан таа кобна саботна вечер побара пари од својот татко да си купи сок во блискиот локален маркет.
Момчето го пресретнаа двајца млади од 17 години , најпрвин му побараа пари а потоа го соборија на асфалт и со нозе со удари по глава го усмртија. А причината беше банална. Затоа што Душко беше - Ром.
Убијците беа фатени и осудени , а едниот на судењето даде изјава дека не се кае за тоа што го сторил.
После трагедијата родителите на Душан се преселија од центарот на Белград , каде се ги потестуваше на убиството на нивниот син. Тие се преселиле во Ороловска населба во Мирјево. Одтогаш веќе немаше живот за родителите на Душан. Мајка му неколку пати се обиде сама да си го одземе животот со солна киселина, па потоа со таблети и на крај во август 2015 се обеси.
Три години по убиството на Душан неговиот татко го доживеа својот прв срцев удар , а потоа уште неколку. Преживеа и два мозочни удари . Поради тромбоза му беа ампутирани и двете нозе. Почина во 2016 година.
Единствен нем сведок е сестра му на Душан, Кристина (19) која е родена три години по неговата смрт.
Душановите убијци, Милан Чујиќ и Иштван Фендрик од Земун тогаш како седумнаесетгодишни момчиња, во март 1998 година со пресуда од белгардскиот окружен суд на 10 години затвор , а пуштени беа на слобода по 6.5 години одлежана казна.