Одбележувањето на Денот на независноста - 8 Септември, годинава ќе се одвива под мотото „Боите на независноста“ и заедничката прослава ќе се одржи во Градскиот парк, пред Школка недела на 8 септември со почеток во 11:00 часот.
По повод Денот на државноста, во Градскиот парк ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.
Во рамки на прославата, предвидена е богата културно-уметничка и забавна програма. Ќе настапуваат „Петко и 5+ бенд“, групите „Ај Кју“, „Денсерс Јунајтед“, Виолета Томовска, Елита Зибери и ди-џејот Драган Б. Костиќ.
Ќе бидат поставени повеќе штандови, каде присутните ќе имаат можност да уживаат во традиционална храна од сите краеви на нашата земја, да учествуваат во спортски активности и да го проверат своето здравје.
Штандот на Агенцијата за млади и спорт ќе обезбеди опрема за пинг-понг, бадминтон, карате и заинтересираните ќе имаат можност да испробаат дел од боречките вештини и да се запознаат со поволностите на Европската Младинска Картичка.