Единствената ќерка од 47-те посвоени деца на позната ромска кралица на песната Есма Реџепова Теодосиевска - Малиш овој период е во нејзинот знак. Кон средината на август годинава заплови во брачните води каде направи спектакуларна веселба во скопскиот хотел „Белви„.
На свадбата гостите ги забавуваа познати имиња од музичката естрада, но интересно е дека таа воопшто не запеа на својата свадба.
Инаку таа наскоро планира да продолжи да живее во Белгија -Брисел, заедно со својот брачен сопатник, кој е родум и живее долги години во Белгија. Но музичката кариера и продолжува,
Деновиве е актуечна со промоција на нејзиниот најнов видео спот за една интересна песна во латино ритам насловена како ,,Amorcito„
Покрај промоцијата на новата песна, таа деновиве е актуелна во медиумите во регионот, кои најавија дека најверојатно ќе биде дел од големото балканско реално шоу ,,Задруга” во третата сезона.
За овие тврдења Малиша вели дека се уште не би сакала да открива детали, но според неа, денес дошле времиња кога учествата во реални шоу програми носат голема популарност и се едни од најгледаните во земјите на поранешна Југославија.