Во прво одделение на 1 септември ќе тргнат децата родени во 2013 година. Претходните години бројката на првачиња беше нешто над 20.000, но оваа година во многу општини бројот на запишани деца е помал од очекуваниот.
Остануваат уште десетина дена до почетокот на новата учебна година, а гужвите во книжарниците и продавниците веќе започнаа.
На први септември најмногу му се радуваат првачињата, но и нивните родители, кои учебната година ќе ја дочекаат со значително испразнет семеен буџет.
За да се подготви едно прваче, родителите треба да потрошат околу 8.000 денари.
Додека за постарите ученици, потребно е и повеќе.
Олеснителна околност за родителите е тоа што не треба да купуваат книги, бидејќи Министерството за образование и наука веќе неколку години обезбедува бесплатни книги за сите ученици.