Концептот на заеднички гранични контроли со едно застанување “one stop shop”, значи поедноставени постапки што се спроведуваат на еден заеднички граничен премин, со единствено застанување, преку кој контролата на патниците, стоката и нивните превозни средства се врши само на едно место.
За патниците и транспортерите кои се движат од Србија кон Северна Македонија, граничната служба на Србија ќе спроведе излезна контрола на тертиторијата на нашата држава на граничниот премин Табановце, додека контролата за оние кои патуваат во обратен правец, излезната контрола македонските гранични служби ќе ја спроведат на територијата на Србија на граничниот премин Прешево
Граничниот премин Табановце е само почеток за крупните промени кои нѐ очекуваат на ова поле на повеќе гранични премини, во тек се и проекти со останатите нашите соседи Албанија и Косово, што ќе донесат огромни бенефити за економските оператори.