Синдирела Бобариќ (28) од Загреб вели дека во Хрватска често се чувствува отфрлено од страна на другите. Со предрасудите не се соочува само за време на школувањето, туку и во секојдневието.
Имав пријател од соседството кој ми рече дека повеќе не смеам да доаѓам кај него дома затоа што баба му му рекла дека не може тој да се дружи со Роми , рече Синдирела Бобариќ .
Покрај тоа што денес е и новинар и актер во редакцијата на Romi.hr, таа работи и во Ромскиот национален совет како асистент на европски проекти.
- Тогаѓ уште како дете сите тие предрасуди имаа големо влијание врз мене и во мојата самодоверба. Бев емоционално повредена и незнаев што значи зборот Циган. Ја прашав мајка ми што значи тоа. Тогаш разбрав дека тоа е всушност кога има луѓе кои не сакаат да те прифатат, и дека секогаш е потребно двојно повеќе да се потрудиш за да докажеш токму спортивното од тоа за што они те сметаат.
Link: https://www.24sata.hr/video/sindirela-28-prijatelj-me-nije-pustio-u-stan-jer-sam-romkinja-616915