Ромите кои се во Водњан,мало место во близина на Пулa, каде нивната заедница беќе најака во истра , скоро целосно исчезна. Некогаш главната улица позната како Трговска како и главниот плоштад секогаш беше полн. Тука луѓето од сите возрасти се дружеа, играа , разговараа.Имаше и градинка за деца Роми.
Денеска тука нема никој, градинката е затворена . Каде се тие луѓе кои за овие четри години сосема исчезнаа?
Повеќето напоменуваат дека со влезот на Хрватска во ЕУ, повеќето заминаа во потрага по подобар живот.
- Да, навистина сега се малку. Кога бев директор на основното училиште имаше 50-тина ученици Роми . Но сега се нешто повеќе од 10. Колку што знам повеќето заминаа за Германија и Франција - вели директорот на училиптето Корадо Гиралдо.
Според информации од повеќе ромски НВО од овој регион велат дека пред 7 - 8 години бројот на Ромите беше околу 500-тини а сега се одвај 150.