Министерството за Одбрана на Р.С.Македонија на својата страница објави Јавен оглас за прием на 125 професионални војници во слуба на АРМ со договор за определено време од 3 години, со можност за негово продолжување.
Покрај условите да се државјани на Р.С.Македонија и да се полнолетни но пред да наполнат 25 години, ССС и исто така да имаат посебна здравствена и физичка способност.
Висината на личниот доход ќе изнесува од 22.059,00 денари до 25.574,00 денари.
Огласот трае 15 дена од неговата објава (13.11.2019). При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност
За сите останати услови може да се види на следниот линк на Министерството за Одбрана на Република Северна Македонија.