Ромски Демократски Сојуз – РДС: Една изборна единица - голем театар

Консензус меѓу партиите за една изборна единица засега нема. Лесно е една партија да ја поддржи инцијативата, кога знае дека другите нема да го сторат тоа. И така почнува големата претстава.

За да се промени моделот од шест во една изборна единица, нужни се два услова: прво, консензус на политичките партии и второ, според меѓународните стандарди за избори и препораките на ОБСЕ/ ОДИХР тие промени треба да завршат една година пред изборите.

Бидејќи големите партии губат со една изборна единица, и покрај вербалната поддршка од некои, тие искрено не се заинтересирани да го изгубат „монополот“ врз гласовите кој досегашната распределба им го обезбедува.

Кога сме кај Ромите, една изборна единица е опција која одоговара, но на кој начин? Одговара само ако се сплотени како – еден!.

Но познавајќи го менталниот склоп на Ромските политички фактори тие во таа Политичка филхрамонија секој сака да биде диригент, никој неќе да биде – музичар.

Амди и СРМ, Самка и ПЦЕР, Шабан и ДСР. Неждет и ОПЕР, Берат и ПИР, Ерџан и РОМ, Аксел со неговата нова партија, исто и Курто Дудуш, Ерџан Демир, Асан Ферат, Геге и другите ќе биде тешко (читај – невозможна мисија) да ги сплотат своите интереси во името на сите Роми.

Ако се познати и аспирациите на новото движење АВАЈА со нивините нескриени политички аспирации, а да се игнорираат и аспирациите на новото движење Ромски Демократски Сојуз – РДС , тогаш испаѓа дека уште потешко ќе биде оставарување на една цел , што повеќе Роми во законодавниот дом.

Тешко е дека „старите ромски политички фаци„ ќе попуштат и ќе направат место за „нови ромски лидери„. Власта е слатка, затоа што таа носи и индивидуален бенефит.

Ако случајно се направи и тој модел е тогаш ќе имаме шанса да сме сведоци на еден Театар насловен како „ Лица без маски„. Ќе биде интересно, урнебесно но едно сигурно – секој ќе сака водата да ја носи на „своја воденица„.
Шансите за тоа се 99.99%. Останатите 0,01% ќе бидат тие “Mission Impossible”

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 159 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот