Откако е поместен перонот за пристигање на белградската автобуска станица, таму ги нема више амалите -носачите на багаж. Овие луѓе беа уредно регистрирани и сите беа - Роми.
Тие велат токму дека се Роми нивната работа не е дозволена. Станицата ги негира овие тврдења.
„Не постои пишана наредба каде им е забрането да пристапат на пероните, но им се врши притисок преку службата за обезбедување и полицијата„ велат Ромите.
Сите носачи - амали на багаж на автобуската станица во Белград се Роми. Помеѓу нив и станицата не постои договор за таа работа, но како што велат носачите имаат устен договор со кои го плаќаат пристапот до пероните со месечен билет во висина од околу 12 евра . Но со поместување на перонот од пред два месеца, веќе не им е дозволено да купуваат такви билети.
Носачите напоменуваат дека на барање од полицијата пред неколку години сите беа регистрирани како претприемачи во Агенцијата за стопанска регистрација.
Инаку Белградската автобуска станица вели дека не се работи за дискриминација , и дека прашањето за носење на багажник наскоро ќе биде решено.
Link: https://www.dw.com/sr/zabranjeno-za-nosa%C4%8De-prtljaga-ili-za-cigane/a-49737230