Слободан Берберски е роден во Зрењанин каде завршил основно школо и гимназија. Започнал да студира право во Белград но окупаторите како член на СКОЈ во 1941 година веднаш беше уапсен . Беше ангажиран во работничкото движење од 1936 и беше учесник во НОБ од 1941.
Тој е познат ромски активист и беше еден од иницијаторите на акцијата на тогашните југословенски Роми под името „Ромот бара место под сонцето„ која започна во 1967 година. Беше избран за прв претседател на Светската Организација на Ромите на првиот конгрес одржан во 1971 година во Лондон. Почина во 1989 година. И денес една улица во белградската населбаз Звездара го носи неговото име.
Инаку тој пишуваше поезија каде во текстовите највеќе беше застапена социјални и револуционерни теми. Подоцна инспириран од ромските симболи од преданиата и секојдневниот живот започна да пишува поезија која не беше на ромски, туку вметнуваше ромски зборови пишани на српски јазик.
Берберски пишуваше за воените страдања, сиромаштијата и дискриминацијата на Ромите со љубовни мотиви. Ги објавил следните збирки меѓу кои и првата во 1950 „ За дождливото виножито„, потоа „ Пролет во очите„, „ Зема„, „Невреме”, „Воениот дневник”, „Благ ден”, „Коти”, „Заминувањето на братото Јакала”, „Како бескожни елени”, „Меѓи”, „Секојдневие”, „Нечекани води”, и последната „Дуб” од 1986. године. Неговата поезија е преведена на француски, руски, унгарски, романски, албански и словенски јазик.
Во поезијата со воена тематиа песните на Слободан Берберски ја искажува свеста дека војанта со себе донесува страдање и смрти затоа поетските слики се темни и крвави, пресликувајќи го целиот тој ужас од војната кој и самиот го доживеал. Веќе во збирката од 1976 година се насочува кон ромските мотиви како што се патот, чергата..
Инаку Берберски спаѓа во самиот врв на ромската поезија покрај Рајко Ѓуриќ, Јован Николиќ и Трифун Димиќ.