Некои рекоа дека кога неспособните луѓе би имале своја држава таа дефинитивно наместо Република Северна Македонија , да се вика Неспособна Република Македонија
Толку убаво парче земја, со преубава природа, со огромни ресурси, неверојатни можности, а во неа да ставиш да живеат толку неспособни луѓе е едноставно неверојатно.
Дали е тоа рефлексија од фактот дека сето она што беше способно, образовано, паметно, мудро замина од Македонија и не живее тука, оставајќи им на неспособните простор и време уште повеќе да ја уништат и да ги избркаат и оние малку способни и паметни што останаа.
27 години имаме неспособни политичари, неспособни министри, неспособни менаџери, неспособни директори и сл.
Ако пробаме да се сетиме колку премиери, министри, градоначалници, директори, политичари, бизнисмени, менаџери кои биле на раководни функции во Македонија низ овие 27 години ќе видиме дека тоа е огромен број на луѓе, а ако се сетиме колку од нив имале резултати и сме ги запаметиле по добро, бројот би бил едноцифрен.
Но затоа коа сте функционер и при тоа избран од партијата тогаш Ви е дозволено се, да немате резултати, да не идете на работа, да ја бојкотирате работата, да лажирате сметки, да се шетате низ светот на јавен трошок, да правите загуби и имате недомаќинско работење. Затоа истите ликови ќе се врат цело време на функции, денес е министер, утре градоначалник, задутре директор на некое јавно претпријатие и така цело време у круг.
Просто е неверојатно како толку неспособните луѓе успеваат континуирано да ги запоседнат сите места и раководни функции во сите сфери во Македонија, како успеваат да се одржат на нив и да владеат како да имаат најдобри резултати.
И на крај да заклучиме дека во решавање на спорот за името наместо Република Северна Македонија, требаше да биде - Неспособна Република Македонија.