ВМРО падна, СДСМ ја зема власта! Од 2017 па навака СДСМ и ДУИ го водат „главниот збор во државата. На сите страни „фрчат„ пароли „Еднакво општество за сите„
И види чудо, навистина - Еднакво општество за сите! За сите кои се СДСМ и ДУИ! Ама по нивни профил!
Предизборните ветувања беа дадени со „полна уста„ , а сега разџваканите ветени зборови (места) се наталожија кај оние „гладните„ за власт, а „другите„ ваљда ќе дочекаат некогаш и негде!
А свесни сме дека партиципативноста по етнички клуч, не е секогаш гаранција за реализирање на потребите на заедницата. Пожелно е да има Ром во извршната власт на значајна позиција, особено ако именуваниот функционер вистински работи на проблемите што ја засегаат ромската заедница.
Свесни за тоа и самата заедница дека и тоа не е и најважно! Ако не работи, што е важно дали е Ром? Имало мал милион и такви случаи!
А што би рекол еден мој пријател новинар - Ром во својата колумна : „Актуелните ромски претставници во изминатиот период беа зафатени за расчистување на лични или партиски проблеми. И, додека на социјалните мрежи Ромите се „забавуваа“, да не кажам фаќаа сеир, за време на Фејсбук-препукувањата, рокот за преговарање за поставување на заменици-министри, веќе помина!„
И имаше право мојот пријател! А сега шу праиме?