Жбогар: Ромите кои просат на улици влегоа во извештајот на ЕК

Мора да си ги засукаме ракавите, да продолжиме да работиме заедно и да видиме на кој начин можеме најдобро да го искористиме она што го имаме на располагање во моментов, а имаме Влада која е посветена, имаме нова енергија меѓу младите лидери Роми во државата и имаме помош од ЕУ.

Овој триаголник е добар почеток. Да направиме една разлика, да ја подобриме состојбата, порача еворамбасадорот Самуел Жбогар.

– Вистинската работа за инклузија на Ромите се уште не е завршена туку е пред нас. Циклусот на сиромаштија, дискриминација и исклученоста на Ромите сѐ уште постои – рече Жбогар.

Тој посочи на дел од постоечките проблеми кои исто така се забележани и во најновиот годишен извештај на ЕК за државата.

Тоа се Роми кои просат на улици, ромски деца кои не се на училиште, Роми кои живеат во нечовечки услови, во незаконски населени места, без лични карти, пребаруваат по отпадот. Сѐ уште има малолетнички бракови и други форми на дискриминација.

Жбогар информира дека во моментов го финализираат изборот на студенти и на ученици кои ќе добијат стипендии за основно образование, подготвуваат и грант програма за подобра инфраструктура во населбите каде живеат Ромите.

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 188 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот