Формирана нова политичка партија на македонската сцена, претседател Аксел Ахмедовски

Во Виница се одржа основачко собрание на Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР), која ќе дејствува главно меѓу ромската популација од источниот регион на државата.

За претседател на партијата е избран Аксел Ахмедовски, дипломиран правник од Делчево, кој до неодамна беше министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Ромите. Во партиското раководство влегоа и пет членови од поголемите градови од регионот.

– Конечно, по повеќе децении, Ромите од Истокот се самоорганизираа и постигнаа согласност да формираат своја партија, која ќе работи на заштита на нивните интереси и права. Нашата определба е да дејствуваме независно од другите партии, со можност за подоцнежна коалициска соработка со некоја од поголемите партиски структури. Зад нас имаме солидно гласачко тело од над десетина илјади граѓани кои ни дадоа поддршка за основањето, а веќе имаме и член на општинскиот совет во Виница – истакна Ахмедовски.

На основачкото собрание на ДПДР беше донесена одлука седиштето на партијата да биде во Делчево, а партиски подружници ќе бидат формирани во сите општини од трите изборни единици во источниот регион.

За претстојните претседателски избори допрва ќе се разгледува дали и на кој кандидат ќе му биде дадена поддршка, а во наредниот период главна задача за партиското раководство ќе биде работата на терен за да ја претстави програмата за дејствување.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 328 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот