Граѓанската иницијатива „АВАЈА“, ја промовираше кампањата „Ние Гласаме, Ние Одлучуваме”.
Иницијативата е составена од млади Роми активисти и интелектуалци кои преку кампањата сакаат да ги артикулираат и промовираат интересите на граѓаните Роми пред сите засегнати страни во Република Северна Македонија.
Кампањата има цел да мобилизира 10.000 граѓани Роми во 14 општини за да се обедини ромскиот глас за застапување на заедничките интереси на заедницата, како и охрабрување на гласачите Роми да учествуваат на претстојните претседателските изборите и да го искористат своето право на глас со што ќе се придонесе кон подигнување на политичката култура на ромската заедница и демократските процеси во Република Северна Македонија.