Нема една причина зошто би останал. Животот ми е уништен овде, работам по 13 часа секој ден и едвај преживуваме“, ова е еден од одговорите на анкетата на „Факултети.мк“ споведена меѓу 1.474 читатели.
Дури 83,7 отсто од испитаниците би заминале од земјата кога би имале шанс, а на прашањето зошто би заминале, најчест одговор е „За подобар живот“.
На прашањето „Кога би имале шанса, дали би заминале од Македонија?“ одговорија 1.491 читател. Од нив дури 1.234 (83,7%) одговориле со „да“, 123 (8,3%) се двоумат, додека 117 испитаници (7,9%) би останале во Македонија.
Како дестинации каде би заминале се наведуваат Германија, Австралија, Канада, Франција, Холандија, Данска, Австрија, Скандинавија, Швајцарија, Словенија, Нов Зеланд, Шведска, САД, Англија… Има и одговори во стилот: „Подалеку оттука“, „Во земја каде што владеат закони и каде што има нормален здравствен систем и образование“.