Муслиманите ќе бидат мнозинско население во Македонија во наредниве 20-тина години. Ова се вели во истражувањето на американскиот истражувачки центар "Пју" кое дава подолг период за овој процес, и го најавува најдоцна во наредните 30 години во истражувањето - "Иднината на светските религии – проекции за растот на популацијата 2010-2050 година". Според истражувањето, Македонија влегува во групата земји кои ќе имаат различно мнозинство во 2050 година, во однос на 2010 година. Во Македонија во 2050-година христијаните ќе бидат под 50 отсто од вкупниот број граѓани, а бројот на муслимани ќе расте и ќе биде над 50 отсто.
Во 2012 во Македонија биле родени 11.995 лица етнички Македонци, а истата година умреле 14.823. Тоа е биланс од минус 2.828 лица. Истата 2012 во Македонија биле родени 8.035 лица етнички Албанци, а починале 3.416, што е плус од 4.619.
Дали промените, исчезнувањето на христијаните пред муслиманите на Балканот ќе се случат побрзо од најавените светски трендови.
Во скопскиот регион (градот Скопје плус Арачиново, Кондово, Петровец, Илинден и Сарај) во 2017 година од новородените деца 46,5% се Македонци а 39% од новородените бебиња се Албанци.
Ако на ова се додадат и бебињата од мислиманските семејства на Ромите, Турците и Бошњаците - Македонија за најмногу една генерација, значи за 20-тина години, ќе биде доминантно муслиманска држава и веќе го живее она што американските истражувања од почетокот на оваа анализа го најавуваат во Европа за 2030-2050 година.
Линк: https://vecer.mk/node/3336