На преминот „Богородица“ на грчко-македонската граница веќе стои табла со натписот „Република Северна Македонија“ на македонски и англиски јазик.
Не станува збор за нова табла, туку промената е направена со налепница врз стариот натпис.
Тоа е во согласност со вчерашната одлука на Меѓуресорската владина група за спроведување на Договорот од Преспа и уставните измени, која предвидува Царинската управа да стави налепници на таблите на граничните премини, државната граница на Република Северна Македонија и на двата аеродроми во Република Северна Македонија, во рок од 3 дена.