Партијата за Интеграција на Ромите - ПИР излезе со свое соопштение како „Понуда за соработка„ со партиите кои планираат да именуваат свој претседателски кандидат.
Во информацијата на ПИР стои дека на престојните Претседателски избори ќе го подржи следниот кандидат кој ќе се обврзи и јавно ќе прифати и реализира барањата на ПИР , а тоа се:
Вклучување на ромските интелектуалци во преставување на надворешната политика на Р.Македонија на ниво на:
– Амбасадор
– Советници амбасадори
– Конзул
– Воен аташе
– Политички аташе
– Вработувања во военото разузнавање на Р.Македонија
– Двајца зам. помошници Директори на Агенцијата за разузнавање и контраразузнавање
–Вработување на млади Роми со завршен Правен факултет , Факултет за безбедност и други сродни факултети во Агенцијата за разузнавање и контраразузнавање
– Еден член од Ромска националност во Советот за безбедност
– Промовирање на ромската култура и традиција за време на протоколарните средби со официјални преставници од други држави
Стои во дописот на социјалните мрежи од Претседателот на ПИР - Др Бајрам Берат