Во анализата направена за положбата на Ромите како обвинети во кривична постапка во Република Македонија во рамки на проектот „ Еднакви пред судот безбедни во животот„ направен пред две години има повеќе индикатори каде Ромската заедница во РМ , нагласено е дека Дискриминацијата врз основа на етничката припадност е особено нагласена во Република Македонија, кога станува збор за ромската популација.
Пристапот до правда и пристапот до правото на фер и правично судење се поставуваат како есенцијални прашања за ромската заедница имајќи го предвид целокупниот социо-економски контекст во кој се наоѓаат Ромите во Р Македонија.
Заштитата на основните човекови права во рамките на судските постапки, а пред сè положбата на Ромите како обвинети во кривичната постапка во контекст на целокупниот момент на стигматизација и стереотипизација кон Ромите, е значајна да се истражи за да се утврдат ефикасни механизми на заштита.
Посебно внимание заслужува положбата на Ромите во правосудниот систем, во најширока смисла на зборот. Многубројни се согледувањата за дискриминацијата на Ромите во постапувањето на полицијата, примена на несоодветна сила, заплашување, репресија и нехуман третман, но и манифестирана недоверба во тврдењата на граѓаните од ромската националност дека определени права им се загрозени односно повредени.
Повеќе на следниот лин во целокупната презентирана анализа:
http://cpia.mk/media/files/%D0%90naliza-za-polozbata-na-romite-kako-obvineti-vo-krivichna-postapka-vo-republika-makedonija.pdf