На стартот од оваа година се случи инцидент помеѓу бугарски војник и двајца малолетни Роми од селото Војводиново во јужна Бугарија што резултираше со рушење на нелегално изградени објекти во ромската населба.
По инцидентото малолетниците се уапсени , а потпреседателот на Владата и Министер за одбрана Красимир Каракачанов изјави дека „ Ромите се теѓки за соживотшто предизвикува етничка омраза„.
Како одговор на тоа стотици Роми оваа седмица протестираа пред Владата на Бугарија и како што е најавено и присутните нема да се повлечат се додека не излезе Каракачанов и јавно да се извини за говорт на омраза кон Ромите.
“Денес сме илјада , но друг пат кога ќе се собереме ќе бидеме стотици илјади„ вели еден од протестантите. Според неговите зборови Каракачанов ќе мора да биде казнет за говорот на омраза, и должен е да спроведе истрага за случувањата во Војводиново затоа што бугарскиот војник за време на инцидентот не бил на службена должност.
Како што е наведено на веб страницата Roma Antidiscrimination Network на 19 јануари е закажан протест во Брисел кој е насочен кон зголеменото насилство над Ромите во Бугарија и во другите европски држави.
Истовремено во скоро време планирано е и ИРУ заедно со ОБСЕ, ЕРТФ и други организации да направи средби со бугарските државни преставници и да се поразговара околу оваа состојба