Најдобро пласиран е јапонскиот пасош каде без виза може да се патува во 190 држави. По него следуваат сингаприскиот и Јужнокорејскиот со 189 држави.
Третото место го делат Франција и Германија со 188 држави, а потоа Данска, Финска, Италија и Шведска со 187 држави.
До десетото место има над 20 држави најповеќето од Европската Унија плус Норвешка, САД, Австралија, Исланд и Нов Зеланд.
Од бивште ЈУ држави надобро рангиран е словенскиот пасош на 11-то место каде може да патува во 180 држави без виза. Потоа Хрватска на 20 место со 168 држави да патува без виза, Србија е на 40 место каде може да патува во 129 држави без виза, Македонија на 43 место со 125 држави, Црна Гора во 123 држави, БиХ во 118 држави. Косово е на 94 место со можност да патува без виза во 44 држави.
На последно 104 место се наоѓаат Авганистан и Ирак кои без виза може да патуваат во 30 држави.