Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека првиот круг од претседателските избори најверојатно ќе се одржи на 21 април, по одложување на првичното планирање на 28 април кога се паѓа Велигден. Вториот круг би требало да се одржал на 5 мај.
Џафери кажа дека 8 февруари е крајниот рок за распишување претседателски избори, а со оглед на тоа што три општини се без градоначалник, Ново Село поради оставка и Дебар и Охрид поради смртн случај паралелно со претседателските во овие општини да се одржат и избор за градоначалник.