Рок од 5 години за Северна Македонија во личните документи

Во рок од пет години или најдоцна до 2024 година личните документи на граѓаните ќе го носат новото име „Република Северна Македонија“. Со новите амандмани во нив ќе биде наведена и етничката припадност на малцинските заедници во државата.

Нови лични карти и пасоши ќе треба да си набават граѓаните, како и нови ознаки на регистарските таблички на нивните возила, најдоцна во рок од пет години откако ќе биде ратификуван договорот за името во грчкиот Парламент и откако македонските пратеници со усвојувањето на потребните уставни измени го запечатија новото име на државата „Република Северна Македонија“.

Регистарските таблички во иднина ќе ја носат кратенката НМ или НМК, а новото име на земјата ќе биде вметнато во личните карти и патните исправи. Во рок од 5 години ќе треба да се смени и сета останатата документација на јавната администрација за надворешна употреба, но и за внатрешна употреба и нивното издавање ќе почне со отворањето на секое поглавје на релеватното поле во преговорите со ЕУ. Тоа значи дека секоја институција етапно ќе го менува своето име и документацијата.

Се уште не се знае како ќе бидат сменети личните документи на граѓаните кои нема да истечат во дадениот рок, иако тоа нема да биде на нивен товар, барем според досегашните најави од страна на Владата. Во секој случај до 2024 година, граѓаните ќе треба да имаат лична карта или пасош под новото државно име.

Link: https://www.slobodnaevropa.mk/a/29708979.html

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 189 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот